Свет
13. September 2017 - 22:04

Фатално пукање во средно училиште во Вашингтон: Еден загинат, шест ранети, децата преплашени

Едно лице загина, а тројца се повредени при напад со огнено оружје во средно училиште во гратчето Спокејн, во американската држава Вашингтон, соопштија официјални претставници.

Брајан Шефер од локалната пожарникарска служба изјави дека повредените биле хоспитализирани, а шерифот Ози Кнезовиќ потврдил дека напаѓачот е уапсен.

Истрелите се слушнале во училиштето Фримен.

На социјалната мрежа Твитер, раководството на училишните напишало дека од безбедносни причини бил затворен кампусот.

Засега не се познати причините за вооружениот напад.