Фараж: Евентуалната победа на Марин ле Пен би била крај за европскиот проект

Британскиот политичар и заговорник на Брегзит, Најџел Фараж оцени дека евентуалната победа на лидерката на екстремно десничарската француска партија Национален фронт, Марин ле Пен на претседателските избори во Франција следната година, би претставувало крај на „европскиот проект“.
- Доколку таа победи, тоа би било крај на европскиот проект, истакна Фараж, нагласувајќи дека нејзината победа не е малку веројатна како што предвидуваат истражувањата, имајќи ги предвид прогнозите дека Британците нема да гласаат за излез од ЕУ или дека Доналд Трамп нема да биде избран за претседател на САД.
Тој изјави дека „антиелитистичката страст, која ја придвижи референдумот во Велика Британија, како и победата на Трамп, се шири во Франција и другите земји, и би можела наскоро да го намали бројот на земјите-членки на ЕУ“.
Фараж се уште не одлучил дали ќе ја поддржи Ле Пен, бидејќи е загрижен поради минатото на нејзината партија, кое вклучува и антисемитски изјави на нејзиниот татко, кој е еден од основачите на Национален фронт.
Ново на Сител
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
