-->
-->
Фановите во шок - Познатиот глумец пронајден убиен во неговиот стан
-->

Познатиот словенечки глумец Гашпер Тич (44) е пронајден убиен во неговиот стан во центарот на Љубљана, јавија љубљанските медиуми.
За убиството е осомничено 20-годишно момче, кое се наооѓа во притвор. Истрагата е во тек и не се соопштуваат детали.
Според неофициални информации, осомничениот самиот повикал полиција и го признал убиството. Тој тврди дека заедно со Тич бил на геј парадата во Љубљана, а потоа отишле во станот. Тич сексуално го нападнал, по што момчето го избодело 10 пати со нож.
Тич е еден од најпознатите актери од поновата генерација во Словенија. Роден е 1973 година во Копер, а кариерата ја започнал во 1991 година. Беше претседател на словенечкото Друштво на театарски актери. си/сп/08:58
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
-

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
-

Кривична за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет
-

Кривична за професор од средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка
