„Фалсето“ со „Пролетна приказна“ на Мајски оперски вечери
Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет (МОБ) денеска напладне, во рамки на 45. Мајски оперски вечери, премиерно ќе ја одигра оперетата „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков, според текстовите на Николески, Тарапуза, Стојановиќ, Куновски и Пановски.
На Стојков е и драматуршката адаптација, режисер е Трајко Јордановски, диригент Теа Богатинова, а костимограф Никола Ефтимов.
Во операта, покрај „Фалсето“, настапуваат и Доминика Робе во пијано придружба и Тео Теодосиевски на перкусии. Солисти се Јана Диралова, Софија Стојковска, Теодора Блажевска, Луна Бејков, Оља Алексовска, Теона Јаневска, Маријана Андоновска, Јована Филиповска.
Поради зголемен интерес на публиката, претставата ќе се реприза утре, во 12 часот.
„Пролетна приказна“ го отсликува будењето на пролетта и природата. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи прилагодени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога. Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма. Во „Пролетна приказна“ значајна улога игра и орфовиот инструментариум.
„Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура. Со хорот раководи Богатинова, дипломиран музичар, композитор, диригент и долгогодишен хорист и вљубеник во хорската музика.
Ново на Сител
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница