Свет
23. March 2017 - 11:06

Фалон: Полицијата проверува дали во нападот во Лондон се вмешани други луѓе

Британската полиција смета дека нападот во Лондон, во кој загинаа четири лица, а околу 40 се повредени, е поврзан со исламиски тероризам, а се проверува и дали напаѓачот имал помош од некој друг, изјави денеска министерот за одбрана Мајкл Фалон.

- Полицијата врши истрага за тој човек, неговите соучесници и од каде пристигнал. Се проверува дали во нападот се вмешани други луѓе. Работната верзија на полицијата е дека инцидентот е поврзан со исламски тероризам, истакна Фалон.

Напаѓачот е идентификуван и им бил познат на британските безбедносни служби, нагласи анонимен британски воен претставник. Тој одби да го открие името на мажот и да соопшти повеќе детали за неговиот идентитет, националност и потекло.