Факти многу невообичаени, но вистинити
Список од некои многу интересни факти кои толку многу се бизарни, што не изгледаат вистинити:
Вијагра првобитно била наменета за срцеви проблеми
Современата употреба на Вијагра сосема случајно е откриена. Научниците бараа лек за опуштање на крвните садови. Сепак, пријавени се невообичаени несакани ефекти, што доведе до Вијграта денес да биде еден од најчестите препишани лекови во светот.
Автоматите за храна убиваат повеќе луѓе од ајкулите
Според статистиката, две лица годишно умираат кога на нив ќе падне автомат за продавање храна. Ајкулите имаат убиено помалку од едно лице годишно. Статистички, кокосите кои паѓаат од дрвото исто така, убиваат повеќе луѓе од ајкулите.
Индиските домаќинки поседуваат 11 отсто од светското злато
Носењето златен накит е дел од индијската култура, така што оваа земја е најголемиот потрошувач на овој метал во светот. Индиските домаќинства чуваат околу 18.000 тони злато што е повеќе од она што се наоѓа во резервите во САД, Швајцарија и Германија заедно.
Во Кина може да се реинкарнирате само со дозвола од Владата
Ако некој сака да се реинкарнира, треба да поднесе пријава во четири владини тела и може да исполни такви планови само после нивното одобрување. Оваа наредба беше издадена од 2007 година. Владата на Кина ќе го знае следното место на повторно раѓањето на Далај Лама.
Можете да се заразите од „глупост“
Дали сте знаеле дека постои вирус кој ве прави глуп? Научниците го открија вирусот на глупоста (ATCV-1) во човечкото тело кој може да се внесе со помош на вода. Болните луѓе (околу половина од анкетираните) ги обработувале информациите што ги добивале и ги исполнувале доделените задачи многу побавно. Тие исто така, се бореле со концентрација.
Отпечатоците на прстите од Коала се исти како на човечките
Разликата меѓу прстите на коалите и човечките прсти тешко може да се открие дури и со помош на многу моќен микроскоп. Научниците веруваат дека тоа им помага на коалите подобро да се фаќаат на дрвото.
Полжавот има повеќе заби од ајкулата
Во зависност од видот, ајкулата може да има 180-400 заби. Но, обичен градинарски полжав има распоред: хитинска лента која изгледа како ренде. Полжав може да има околу 12.000 - 20.000 заби распоредени во редови.
Ново на Сител
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон градоначалник на Кавадарци и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе