„Фајзер“ штотуку ja пријави вакцината за одобрување во Европа
Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ штотуку ја пријави вакцината што ја произведе во соработка со стартапот „Бајонтек“ за условно одобрување oд Европската медицинска агенција, објави германската агенција дпа.
„Фајзер“ сакаат вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината. „Фајзер“ и „Бајонтек“ соопштија дека добиле потврда за апликацијата откако вчера побарале одобрение од ЕМА.
Тоа го става „Фајзер“ рамо до рамо со фармацевтската компанија „Модерна“, која исто така побара одобрение од EMA за вакцина против Ковид-19
Лидерот на „Фајзер“, Алберт Бурла, рече дека тоа е уште еден клучен чекор во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирус.
Клиничките испитувања покажаа дека вакцината на тврди „Фајзер“ има 95% ефикасност.
Ново на Сител
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов