Фајман бара затворање на сите маршрути за бегалците
Австрискиот канцелар Вернер Фајман денеска изјави дека пропуштањето на бегалците е минато и дека мора да се затворат сите маршрути, јави Танјуг.
На седница на австрискиот Парламент, посветена на бегалската криза, Фајман подвлече дека Австрија ќе остане одлучна во примената на својата нова политика кон бегалците.
Фајман вети и дека нема да дозволи, заради договорот ЕУ-Турција, да се откаже од сопствените вредности.
- Не смее да се добие впечаток дека Европа се предава, нагласи вицеканцеларот Рајнхолд Митерленер.
Фајман укажа на неопходноста од постигнување договор со Турција, додавајќи дека не постои можност на соседот нешто да му се врати доколку тој тоа не го прифаќа, а тоа важи и за тешките соседи како што е Турција.
- Доколку не се постигне договорот со Турција, неопходно ќе биде под контрола да се стават милион или повеќе бегалци во Грција, смета тој.
Митерленер подвлече дека балканската маршрута треба да се држи затворена и апелираше до хуманитарните организации да не даваат лажни очекувања, а ја повика Грција бегалците да не ги пропушта кон македонската граница.
Фајман и Митерленер го повторија својот апел до Германија конечно да излезе во јавноста со горната граница за прифат на бегалци.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје