Фабриката на Оскар Шиндлер во Чешка ќе биде претворена во меморијален комплекс
Фабриката во Чешка, што своевремно ја користел бизнесменот Оскар Шиндлер, кој за време на Холокаустот им помогнал на многу Евреи, ќе биде претворена во меморијален комплекс, пренесе ДПА, повикувајќи се на чешкиот сајт Новинки.
Чешка фондација има намера да ја купи фабриката и да ја претвори во споменик на жртвите од Холокаустот. Сега таа бара начини за обезбедување финансиски средства за проектот.
Плановите на организацијата „Чешки донаторски фонд за изградба на споменик на Холокаустот и на Оскар Шиндлер“ предвидуваат целосно реставрирање на разурнатата зграда на фабриката, што се наоѓа во источното чешко село Берненец.
- Нашата цел е реставрирање на зградата и на околниот реон за тие да си ја повратат својата првична форма, изјави Јарослав Новак, шеф на фондацијата.
Тој се надева дека неговата организација ќе добие државни средства за проектот.
Оскар Шиндлер во 1944 година ја преместил својата фабрика, во која над 1.000 Евреи принудно работеле, од полскиот град Краков во чешкото село. Тврдејќи дека работниците во фабриката и се неопходни на Германија за военото производство, Шиндлер успева да ги спаси од депортација и убиство во концентрационите логори на нацистичкиот режим.
Историјата на Шиндлер и на спасените Евреи беше фабула на филмот на Стивен Спилберг „Шиндлеровата листа“, што во 1993 година освои седум Оскари.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење