Свет
29. September 2015 - 20:21

Фабиус: Доколку Русија е против ИД нека нападне

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус и забележа денеска на Москва дека многу зборува за борбата против Исламска држава, но нагласи дека доколку сака да ги докаже своите вистински намери, би требало да престане со медумски и да се префрли на вистински напади.

- Меѓународната заедница ја нападна ИД, Франција ја нападна ИД, Башар Асад многу малку, а Русија воопшто. Значи мора да се види, кој што прави, рече Фабиус.

Тој додаде дека доколку Русија е против терористите, тогаш не е неправилно да ги нападне.