ФАА приземји 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Mакс“ по инцидентот на „Алјаска ерлајнс“
Федералната воздухопловна администрација (ФАА) нареди денеска приземјување на околу 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Макс“ („Boеing 737-9 Max 9“) низ целиот свет по инцидентот синоќа за време на лет на еден таков воздухоплов на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“.
-ФАА побара извршување на инспекција веднаш на некои авиони „Боинг 737-9 Макс“ пред да се вратат во употреба, изјави администраторот на агенцијата Мајк Витакер.
Одлуката доаѓа откако лет на „Алјаска ерлајнс“ синоќа беше принуден да слета во Портленд, Орегон, шест минути по полетувањето, откако се откорнал прозорец и дел од патничката кабина.
Авионот „Боинг 737-9 Макс“ бил произведен и добил сертификат пред само два месеца, според податоците на ФАА.
Повеќе авиокомпании како „ „Алјаска ерлајнс“ или „Јунајтед ерлајнс“ го прекинаа сервисирањето на овие авиони за инспекција а по наредбата на ФАА.
Од Националното јавно радио известија дека ова ќе предизвика доцнење на околу 60 летови денеска.
Другите американски авиокомпании како „Саутвест“ и „Американ“ изјавија дека не употребуваат „737-9 Max“ туку „737-8 Max“ и потврдија дека овој модел на авиони не е предмет за загриженост.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица