Фудбал
9. January 2016 - 10:06

ФА куп: Нов натпревар Ексетер - Ливерпул

Првиот дуел од 3.коло од ФА купот на Англија одигран синоќа меѓу Ексетер (член на Лига 2) и Ливерпул заврши без победник 2:2 и по десет дена ќе се игра нов дуел на теренот на Ливерпул.
Ексетер во текот на натпреварот во два наврати водеше, а Ливерпул кој настапи без десетина стандардни првотимци успеваше да се врати резултатски. Домаќинот поведе во 9.минута преку Том Николас, а изденачи три минути подоцна Џером Синклер. Во последната минута од првиот дел со гол директно од корнер Ли Холмс донесе водство за членот на четвртата лига по ранг, а изедначи Бред Смит во 73.минута
Другите 31 натпревар од оваа рунда на ФА купот се играат попладнево и утре.