Фудбал
7. January 2017 - 10:09

ФА куп: „Граѓаните“ го минаа Вест Хем

Фудбалерите на Манчестер Сити популарните „граѓани“ изборија пласман во следната рунда од ФА купот откако синоќа како гости го победија Вест Хем со убедливи 5:0.

Натпреварот беше изендачен до првиот гол за гостите, кои го постигнаа по непостоечкиот пенал, кој го досуди судијата Оливер. Сигурен изведувач беше Јаја Туре во 33.минута, а потоа головите за Манчестер Сити ги постигнаа: Нортвеит (автогол 41.минута) Силва (43), Агуеро (50) и Стоунс (84).
Денеска од 3.та рунда на ФА купот се играат 25 натпревари, утре на програмата се пет, а во понеделник е последниот натпревар кога ќе бидат извлечени и двојките за следната фаза.