-->
-->
ФА куп: Елиминиран првакот Лестер во осминафиналето
-->
Слабите резултати на шампионот на Англија Лестер продолжуваат, па така оваа екипа попладнево е елиминирана во осминафиналето на ФА купот. Лестер загуби на гостувањето кај Милвол со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Шон Камингс во 90.минута. Милвол од 52.минута играше со 10 играчи по исклучувањето на Џејк Купер.
Изненадување направи и Линкол со елиминацијата на премиерлигашот Барнли. Линколн сити победи на гости со 1:0. Лошиот ден на премиерлигашите го надополни и Манчестер Сити, кој како гости одигра нерешено со Хадерсфелд 0:0 и за десетина дена ќе мора да игра повторен дуел.
Единствено премиерлигашот Мидлсброу оствари победа над Оксфорд со 3:2.
Вечерва од 18:30 часот играа Вулверхемптон и Челзи.
Утре се играат два дуела: Фулам – Тотенхем и Блекбурн - Манчестер Јунајтед. Последниот осминафинален дуел на програмата е во понеделник меѓу Сатон и Арсенал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата купува овошје и зеленчук за 35.000 евра, Мицкоски ќе го проверува договорот
-
Кочоска: Статистичките податоци доказ дека не сме во стагнација
-
Пратеничките побараа поголеми заложби за родова еднаквост - СДСМ ја бојкотираше седницата
-
Истражување на Реактор: Жените и девојките имаат страв од возење во автобус
-
Генералштабот на АРМ ќе присуствува на состанокот на Макрон во Париз
-
Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче