Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи
-
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
-
Населба Влае без вода за пиење
-
Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина