-->
-->
Ф-1:Ред Бул не го пушта Ферстапен во Ферари
-->
Челниците на Ред Бул се уверени дека нема да го загубат Марк Ферстапен пред истекот на неговиот договор. За најмладиот победник на една трка во историјата на Формула 1 сериозен интерес покажува Скудерија Ферари.
Шпекулациите дека Ферстапен би можел да се пресели во Ферари ги покрена поранешниот возач Мартн Брандл со изјавата дека чувствува фрустрација кај 19-годишниот возач бидејќи Ред Бул тешко се носи со Мерцедес и Ферари.
Шпекулациите говорат дека Ферстапен може да се пресели во Маранело по завршувањето на сезоната кога им истекуваат договорите на Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Младиот Холанѓанец има договор со Ред Бул до 2018 година, но во договорот постои клаузула дека тој може да да замине доколку тимот не постигнува добри резултати.
Постоењето на ваквата клаузула во договорот на Ферстапен го демантира Хелмут Марко.
„Доколку ние не му дозоволиме тој не може да замине во Ферари“.
По четири трки во првенството на Формула 1, Ферстапен се наоѓа на петтото место со 35 бодови.
Наредната трка се вози в недела, на 14 мај, во Барселона, на патеката „Каталуња“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ