-->
-->
Ф-1:Алонсо ќе вози во Кина
-->

Фернандо Алонсо доби дозвола да настапи на трката за Големата награда на Кина, која в недела ќе се вози на патеката во Шангај. Возачот на Мекларен по првиот слободен тренинг ќе мора на дополнителни тестови, но тоа не би требало да влијае врз првичната одлука на ФИА, која му дозволи на Шпанецот да се врати на патеката.
Алонсо го повреди градниот кош во текот на првата трка оваа сезона, Големата награда на Австралија. Шпанецот сакаше да вози во Бахреин пред две недели, но ФИА процени дека не задравил од повредата и не му дозволи да вози на патеката „Сакир“.
„Се чувствувам добро. Бев подготвен да возам и во Бахреин, но тогаш сé уште чувствував болки. Ситуацјата сега е многу подбра. Изминатите денови тренирав нормално“, рекол Алонсо.
Трката за Големата награда на Кина, која е трета сезонава во шампионатото на Формула 1, ќе се вози в недела со почеток во осум часот по македонско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
