-->
-->
Ф-1: Почина Жил Бјанки
-->

Возачот на тимот Марусија во шампионатите на Формула 1, Жил Бјанки, почина на 25-гоидшна возраст во болницата во Нинца, објави семејството на автомобилистот во изјавата која ја пренесе фан-клуб страницата на пилотот на Facebook.„Со длабока тага објавуваме дека Жил почина на Клиничкиот центар во Ница, каде што беше префрлен по несреќата што се случи во Јапонија. Жил се бореше до самиот крај, како што секогаш правеше, но денеска неговата борба дојде до својот крај“, се вели во пораката на семејството на возачот.
„Огромна е и не може да се опише болката што ја чувствуваме. Му благодариме на медицинскиот персонал на клиниката во Ница за љубовта и посветеноста на Жил, и исто така му се заблагодаруваме на персоналот на медицинскиот центар во префектурата Мие, каде беше префрлен веднаш по несреќата. Покрај тоа, им се заблагодаруваме на колегите на Жил, на пријателите, фановите, сите оние кои ја покажаа својата љубов кон него последниве месеци. Таа поддршка многу ни помогна да се справиме со овие тешки времиња. Читајќи ги и слушајќи ги вашите пораки, сфативме дека Жил допре до срцата на многу луѓе низ светот...“, се вели во објавата на семејството Бајнки во која се бара да се почитува приватноста на семејството кое се справува со загубата,
Несреќата на Бјанки се случи во деветтиот круг од трката за Големата награда на Јапонија, на 5-ти октомври 2014 година. Претходно, на патеката беше излезено безбедносното возило поради излетувањето на Германецот Адријан Зутил од тимот на Заубер. На тоа место излета и Бјанки и се удри во кранот кој го подигнуваше болидот на Германецот. Во несвесна состојба Французинот беше пренесен во болницата во Јокаита и итно опериран, по што падна во кома.
Таткото на Бјанки во вторникот објави дека неговиот син во еден момент се разбудил од кома оти тоа ќе донесе низа на нови потенцијални проблеми.
Тркачот потпиша договор со тимот на Марусија во февруари 2013 година. Најдобриот резултат на Бјанки е деветтото место на Големата награда на Монако во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
-

18-годишник пукал со плашливец кон сограѓанин по расправија во локал во Гостивар
-

Две лица, 18 и 16-годишник провалиле и ограбиле објект во Крива Паланка
-

МНРиНТ: Со лет од Дубаи денеска евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад
-

Воз се запалил кој сообраќал кон Куманово, откажани сите линии Скопје – Битола
