-->
-->
Ф-1: Мекларен го менува моторот
-->
Екипата на Мекларен ќе ја раскине соработката со Хонда, објавија во понеделникот британските медиуми. Според „Скај спорт“, Мекларен во текот на оваа недела би можел да ја објави одлуката повеќе да не соработува со Хонда.
Истиот извор наведува дека Шпанецот Фернандо Алонсо и во иднина ќе остане во британскиот тим.
Ниту Алонсо ниту Стофел Вандорн не ја заврши вчерашната трка за Големата награда на Италија, која се возеше во Монца, а на која победи Луис Хамилтон.
Алонсо во изминатиот период неколку пати јавно го искажа своето незадоволство од моторите што Хонда му ги испорачува на Мекларен.
„Скај спорт“ исто така нагласи дека минатата недела челниците на Мекларен имале неколку состаноци со луѓето од Рено. Француската компанија сезонава со мотори снабдува три тима во Формула 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО