Ф-1: Хамилтон подготвен за прва победа

Светскиот шампион Луис Хамилтон, оствари најдобри времиња на првите тренинзи во Шангај во пресрет на трката за Големата награда на Кина од шампионатот во Формула-1.
Голем ривал Хамилтон имаше во вториот возач на Ферари Кими Раиконен кокј на првиот тренинг беше послаб од Хамилтон за 0,359 секунди, а неговиот колега од Мерцедес Валтери Ботас доцнеше за 0,448 секунди за третото место.
Ривалството на овие тројца продолжи и на вториот тренинг на кој Хамилтон го подобри своето време но добри изданија имаа и Раиконен и Ботас. Финецот доцнеше за 7 илјадинки, Ботас 33, а Фетел за 182 илјадинки.
Хамилтон во кариерата пет пати победил на трката за Големата награда на Кина каде имал и 5 пол позиции на вкупно 11 трки.
Квалификациите за трката во Шангај ќе се одржат в сабота со почеток во 8 часот, а трката се вози в недела во истиот термин.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
