-->
-->
Ф-1: Ферстапен изненади во Малезија
-->
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, победи на трката за Големата награда на Малезија. Ферстапен победи со време 1:35.576 часа и на најдобар начин го прослави својот 20 роденден.
Холанѓанецот на патеката во Куала Лупмур ја забележа втората победа во кариерата, откако лани триумфираше на Големата награда на Шпанија.
Ферстапен во четвртиот круг го мина до тој момент водечкиот Луис Хамилтон и до крајот со сигурно возање ја задржа челната позиција.
Хамилтон го освои второто место, а трет беше клупскиот колега на Ферстапен Даниел Рикардо.
Себестијан Фетел кој стартуваше од последната позиција заврши на четвртото место пред Валтери Ботас. Бодови уште освоија Серхио Перез од Форс Индија, Стофел Вандорн (Мекларен), возачите на Вилијамс Ленс Строл и Фелипе Маса, односно Себастијан Окон од Форс Индија.
Трката не ја започна Кими Раиконен, кој во квалификациите беше втор. Поради технички проблеми тој воопшто не стартуваше.
„Не знам што се случи, прерано е да зборувам за тоа. Никој во тимот не направи грешка, болидот во саботата функционираше беспрекорно, проблемите ненадејно се појавија. Ова е големо разочарување, но никој не е виновен“, рекол Раиконен.
По завршувањето на трката бизарен инцидент имаше Фетел, во чии болид удри и го оштети Ленс Строл.
По трката во Малезија Хамилтон ја зголеми предноста во генерланиот пласман на 34 бодови во однос на Фетел. Британецот има 281 бод, Фетел 247, а трет е Рикардо со 222. Победникот Ферстапен е на шестото место со 93 бода.
Наредната трка во шампионатот во Формула 1 ќе се вози на 8.октомври во Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија