Македонија
13. February 2017 - 8:18

Евзони се уште затворен, магла на патот Лисец - Попова Шапка

Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница се уште е затворен за сообраќај, а останатите два премина Меџитлија кај Битола и Дојран се отворени, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.

На патиштата низ државата нема забрани и сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец село Лисец - Попова Шапка и на планискиот превој Стража.