Евзони и натаму затворен
Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 20 -до 30 метри има на патниот правец село Лисец - Попова Шапка.
Патниот правец Скопје - Македонски Брод низ Јасен, е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.
Сеуште е во прекин и сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола поради свлечиште и се пренасочува преку градот Битола.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре