Евровизиските претставници на БиХ бараат финансиска помош од дијаспората

Учеството на Изборот за песна на Евровизија е прашање на престиж, но тоа воедно претставува и голем трошок.
Пред неколку дена Босна и Херцеговина ја претстави својата песна за Евросонгот, која ја изведуваат Дин, пејачката Далал, раперот Јала и хрватската виолончелистка Ана Руцер.
Но, иако имаат песна, на претставниците на Босна и Херцеговина им недостигаат финансиски средства.
Затоа, евровизискиот тим на БиХ почна да собра донации преку страниците на АПУ Нетворк, мрежа која денес брои повеќе од 500 членови и делува во областите на образованието, науката, културата и спортот, за да обезбеди средства за продукцијата, настап на Евросонгот во Стоклхолм и за сместувањет во хотел.
- Ги повикуваме приватните лица, здруженија и фирмите за поддршка на учеството на Босна и Херцеговина на овогодишната Евровизија во Стокхолм од 10 до 14 мај 2016 година, објави тимот.
Целта на оваа кампања е во што покус рок да бидат собрани 376.900 шведски круни (40.300 евра) за трошоците за учество, патувањето и претстој на претставниците на Босна и Херцеговина на Евросонгот.
Иако натпреварувањето е во мај, трошоците требаат да се платат веќе во средината на март, стои на страницата на непрофитната волонтерска организација со седиште во Стоклхолм, која ги собира иселениците од БиХ кои живеат и работата во Шведска и околните земји.
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
