Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, Велика Британија потенцијален домаќин
Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.
-Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија.
Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.
Ново на Сител
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак
-
Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки
-
СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија
-
Вработените во Флораком и Луна од 10 часот почнаа протест поради неисплатени плати
-
Има ли доволно сместувачки капацитети на брегот на Охридското Езеро?
-
Зголемување на финансиските средства во буџетот на Општина Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите