Европските Зелени: Блокада на преговорите со Северна Македонија би било историска грешка
По повод посетата на претседателот Стево Пендаровски на Брисел, партијата на Европските Зелени бараат од земјите членки на Европската Унија итно да отворат преговори со Северна Македонија, јави дописникот на МИА.
Ние, Европските Зелени, ги повикуваме итно земјите членки на ЕУ да помогнат за отворање на пристапните процеси со Северна Македонија. Блокирањето на оваа важна одлука сега би значело грешка од историски димензии, би имало екстремно негативни последици за европската безбедност, за стабилноста на Балканот и за кредибилитетот на ЕУ на меѓународната сцена. Тоа би било и ужасно предавство кон народот во Северна Македонија, соопшти ко-претседателот на партијата, Рајнхард Бутикофер.
Зелените истакнуваат дека Владата на Северна Македонија покажала доверба во европската демократија и верба во политиката на отворени врати на ЕУ преку склучувањето на договорот со Грција, потврден од граѓаните на референдум.
-Јасно е дека овој пат нема да се изоди инстантно, ќе треба време и напор и без целосна имплементација на Копенхашките критериуми, зачленувањето ќе биде невозможно, но Северна Македонија се избори, преку своите дела, за правото конечно да почне да напредува кон целосно вклучување во европското семејство на нациите, сметаат Европските Зелени, на помалку од една недела до клучниот Совет на ЕУ на кој би требало да се расправа за ова прашање.
Зелените ги повикуваат владите на земјите членки на ЕУ да покажат „барем половина од храброста што ја покажаа граѓаните на Северна Македонија“ и да дадат зелено светло за преговори со ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња