Балкан
3. December 2015 - 18:12

Европските лидери апелираат за заеднички одговор на безбедносните закани

Европските лидери денеска предупредија дека безбедносната сосојба во Европа е сложена и кревка по минатомесечните напади во Париз, при што загинаа 130 луѓе.

Лидерите кои во Белград присуствуваат на министерската средба на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјавија дека само еден глобален одговор може ефикасно да се спротистави на заканата.

- Состојбата е многу опасна, а слободата и стабилноста се многу кревки, изјави шефот на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмејер, апелирајќи за единство.

Шефицата на европската  дипломатија Федерика Могерини изјави дека заканите стануваат глобални и не признаваат граници и оти поради тоа е потребна соработка.

- Безбедноста во Европа бара поголем степен на соработка и поефикасен светски поредок. Тероризмот претставува директна закана за земјите и народите без оглед на етничката припадност, религија или вера или националност, посочи Могерини.