-->
-->
Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас
-->
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео – состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
„Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до трагична загуба на над илјада невини израелски цивили.
Заложниците мора веднаш да бидат ослободени и без никакви предуслови. Нема оправдување за теророт“, се вели во изјавата на Мишел.
Тој додаде дека ЕУ е во целост солидарна со израелскиот народ и со жртвите на терористичките напади и нагласи дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното право.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ