-->
-->
Европскиот шампион Вардар стартува со продажба на сезонски билети
-->
Раководството на македонскиот и европски шампион Вардар од утре ќе пушти во продажба сезонските билети.
- Приоритетната фаза ќе се реализира до 21 август на билетарницата на Тикет плус во СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на Тикет плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk соопштија од РК Вардар.
„Црвено-црните“ ќе играат во Б-групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Киелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје
Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар и тоа: во македонскиот шампионат, во домашниот куп, во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.
Во СЕХА лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје.
Цените на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се 2.200 денари за трибините и 2.550 денари за А блоковите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор