-->
-->
Европскиот првак Вардар отпатува за Катар на Супер Глоуб
-->

Европскиот ракометен шампион Вардар денеска отпатува за Доха, Катар каде ќе биде учесник на годинашново издание на Супер Глоуб од 25 до 28.август. Ова за Вардар и за македонска екипа е прво учество на неофицијалното клупско светско првенство. Покрај европската титула „вардарци“ лани ја освоија и титулата во СЕХА лигата.
Вардар во четвртфиналето на 25.август во петок од 14 часот ќе игра против иранскиот тим Гашарн. Со победа во полуфиналето потенцијален ривал ќе биде победникот од дуелот Барселона - Есперансе од Тунис.
Финалето се игра на 28.август.
фото: www.rkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
