Ракомет
24. March 2018 - 15:50

Европскиот првак Вардар гостува во Охрид, Металург почна со победа во плеј офот

Европскиот првак Вардар вечерва во рамките на првото коло од ракометниот плеј оф гостува кај екипата на Охрид. За тимот на Охрид, кој избори пласман во борбата шампионската титула секако е голем предизвик да игра против шампионот на Европа. Почетокот на дуелот што се игра во СЦ „Билјанини извори“ е во 19 часот.

Попладнево од стартното коло се игра и градското дерби на Битола меѓу Еурофарм Работник и Пелистер, а почетокот е во 18:30 часот. Двете екипи во рамките на Супер лигата сезонава постигнаа по една победа.
Инаку, вчера стартуваше плеј офот со дуелот меѓу Металург и Пролет. Победа од 35:26 постигна Металург.