-->
-->
Европскиот првак пристигна во Келн
-->
Европскиот првак Вардар пристигна во Келн, каде в сабота и недела, ќе го дигра завршниот турнир во Лигата на шампионите. Пристигнувањето на европскиот шампион го забележа ЕХФ на својот профил на Твитер.
Црвено-црните, во Германија, ќе ја бранат титула освоена минатата сезона и ќе се обидат да станат првиот тим, што успеал да ја одбрани европската круна, откако завршницата во Лигата на шампионите се игра во овој формат.
Исто така, Вардар сака да го повтори успехот на Сиудад Реал кој е последениот тим што ја одбранил титулата. Сиудад Реал, во стариот формат, стана европски првак во сезоните 2007/08 и 2008/09.
Вардар за противник во полу-финалето го доби францускиот тим Монпелје. Овој дуел на програмата е в сабота од 18 часот. Претходно, од 15:15 часот, завршниот турнир ќе го отворат ПСЖ и Нант.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро