Свет
1. March 2022 - 16:40
Европскиот парламент расправаше за Украина - Зеленски побара Украина да стане рамноправен член
Европратениците бараат зајакнување на санкциите против Русија, без разлика на цената што ќе се плати.
На денешната вонредна седница на Европскиот парламент, на која се расправа за ситуацијата во Украина, пратениците упатија единствена порака до рускиот претседател Путин - да ја запре војната, да ги повлече трупите од Украина и да се најде решение за спорот по мирен пат.
Емотивно видео обраќање имаше и украинскиот претседател Зеленски, кој вчера испрати официјално барање Украина да се приклучи кон Европската унија.
Пред да гласаат за Резолуцијата во која остро се осудува руската агресија врз Украина, европратениците уште еднаш ја истакнаа загриженоста за иднината на Европа, доколку кризата потрае.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
