Европски зелени: ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија
По повод започнувањето на конференцијата за Западен Балкан во Познањ, Полска, копретседавачите на Европската зелена партија, Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони изјавија:
Европската унија ризикува да се поттикне национализмот во Западен Балкан, доколку го прекине процесот на отварање на вратите за почеток на пристапни преговори за ЕУ на земјите од регионот.
Почетокот на преговорите веќе беше двапати одложен и покрај позитивните препораки на Европската комисија. Не постои причина внатрешните реформи на ЕУ и разговорите за пристапување да не се спроведуваат истовремено. Уште едно одложување во октомври оваа година би можело да го загрози целиот процес и да доведе до обновување на тензиите кои би биле катастрофални за ЕУ во целина. Од суштинско значење е европските министри на состанокот во Познањ, да ги земат предвид херојските напори на Северна Македонија да стави крај на вековниот конфликт со Грција и да го отвори патот за фер и објективен процес.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година

