Европски функционер осуден условно на три години за антисемитизам

Бриселскиот првостепен суд изрече тригодишна условна казна затвор и 500 евра отштета за вработен во европските институции поради антисемитски напад врз негова колешка со еврејско потекло.
Како што јави допсиничката на МИА од Брисел, идентитетот на осудениот е заштитен.
Во јули 2015 година функционерот се обидел да ја задави жената и ја нарекол “валкана Еврејка“. На денот на нападот, таа седела на тераса во кафуле, кога се појавил осудениот со плакат на кој пишувало „Мусолини“, тој почнал да ја навредува, а потоа ја удрил и се обидел да ја задави. Жената и сведок пријавиле во полиција, напаѓачот пак тврдел дека не се сеќава и признал дека е под влијание на алкохол.
Судот оцени дека фактот што е вработен во европските институции е отежителна околност. Освен условната затворска казна и паричната, осудениот е должен да посетува терапија против зависноста од алкохол, но и да волонтира во невладина организација за борба против антисемизмот
Ново на Сител
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш
