-->
-->
Европски дипломати и европратеник фатени во „ковид оргија“ во Брисел
-->
Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот, помеѓу учесниците повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.
Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите
Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент не се откриваат од страна на полицијата, но познато е дека пратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот.
Според весникот ДХ, кој ја обелодени информацијата, полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг“.
Пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг