Eвропски ден без жртви во сообраќајот

Под мотото на кампањата „Намалувањето на брзината, спасува животи“ денеска се одбележува 19 септември - Европскиот ден без жртви во сообраќајот.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), како единствена членка на FIA од Македонија – Светската автомобилистичка организација, се приклучува кон иницијативата за ден без ниедна жртва во сообраќајот.
На оваа светска кампања се приклучија многу познати личности, како Патрик Демпси, актер во познатата серија „Grey’s Anatomy“, режисер, продуцент и тркач со автомобили и Јохан Блејк, олимписки шампион на 100 метри.
Како што е наведено во соопштението од АМСМ, за да се спасат 3.500 животи во светот секој ден, треба да се придржуваме кон 10-те златни правила.
- Да се почитува пропишаната брзина, да се проверуваат гумите, без СМС-пораки додека возите, секогаш да бидете внимателни, фокусирани и концентрирани, да се носи мотоциклистичка кацига, возачите да ги проверат видот, да користат детско седиште за автомобил, да се врзат со безбедносни појаси, никогаш да не пијат кога возат, да застанете кога сте уморни, бидејќи според едно неодамнешно истражување еден од 10 возачи признале дека им се има случено да заспијат зад волан, се златните правила за чија промоција се задолжени многу светските спортисти и естрадни уметници.
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
