Европската комисија препорача одземање на правото на глас на Полска
Европската комисија денеска му предложи на Европскиот совет да отпочне постапка против Полска според членот 7 од Лисабонскиот договор, што би довело да доведе до одземање на правото на глас на Полска во институциите ЕУ.
Ова е првпат ЕУ да отпочне ваква процедура против држава членка.
- Со тешко срце го активиравме членот 7. Но, немавме друг избор, имајќи ги предвид фактите. Немавме друга можност. Ова не се прави поради Полска, туку за целата ЕУ, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, кој го водеше процесот против Полска.
Тимерманс сепак изрази надеж дека Брисел и Варшава ќе може да ги продолжат и интензивираат разговорите околу спорните прашања.
Во својата првична реакција на решението на Еврокомисијата, претставник на полската Влада изјави дека одлуката е политички мотивирана.
Европската комисија ја обвинува Полска дека ги прекршила правилата на ЕУ за владеење на правото, откако полскиот Парламент донесе закони за правосудни реформи. За ЕУ беше спорна и одлуката на мнозинството на полската владејачка партија Право и правда да не им дозволи на петте нови членови на Врховниот суд, именувани пред изборите во 2015 година од страна на претходната Влада, да ги заземат своите функции во Судот.
Предлогот на Европската комисија за активирање на членот 7 ќе биде доставен до Европскиот совет, каде Полска не може да го употреби своето право на вето, но други држави, како Унгарија, најавија дека ќе го блокираат и нема да дозволат да се оди до крај и на Варшава да и се одземе правото на глас во ЕУ.
Од друга страна, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој е член на опозициската полска партија Граѓанска платформа, е силен критичар на актуелната Влада на Полска и инсистира на интервенција од страна на Брисел.
Ново на Сител
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола
-
Утре посвежо со локален дожд и грмежи, од вторник претежно стабилно и потопло
-
Приведен скопјанец, возел со 3,30 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
-
Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје