Европска недела на ХИВ тестирање
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - ХЕРА се приклучува на Европската недела на ХИВ тестирање под мотото „Тестирај, лекувај, превенирај“, која ќе трае од денеска до 25 ноември.
Повеќе од 500 организации од 50 европски држави учествуваат во активностите на Европската недела на тестирање чија цел е преку обединета акција да се зголеми свеста за придобивките од ХИВ тестирањето, што ќе овозможи што повеќе луѓе да добијат информации за превенција од ХИВ, да го дознаат својот ХИВ статус и да им биде овозможен пристап до терапија, грижа и поддршка.
Во рамките на Европската недела на ХИВ тестирање, во Младинскиот центар „Сакам да знам” – Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо ХИВ тестирање и советување со брзи тестови, секој ден од од 15 до 21 часот. Сите заинтересирани лица подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 02/3176 950.
Волонтерите на ХЕРА, како дел од промотивните активности во рамките на Европската недела на ХИВ тестирање, ќе дистрибуираат информативни материјали и бесплатни кондоми во трговскиот центар Скопје Цити Мол. Достапна е и мобилна апликација ХИВ тест на Google Play што нуди информации за ХИВ и најблиската локација каде може бесплатно да се направи ХИВ тестирање и советување.
- Се претпоставува дека најмалку едно од три лица што живеат со ХИВ во Европа не се свесни за својот ХИВ статус. Официјалните бројки говорат дека 2,5 милиони луѓе во Европа се ХИВ позитивни. Половина од луѓето што живеат со ХИВ се дијагностицирани доцна, со што се доцни со пристапот до терапија, грижа и поддршка. Овие статистички податоци укажуваат дека треба да се направи повеќе за да се охрабрат поединците да направат ХИВ тест, како и да се подобри пристапот до ХИВ тестирање за сите, велат од ХЕРА.
Особено важно е, додаваат, што е можно поскоро луѓето што биле изложени на ризик да го дознаат својот ХИВ статус.
- Последните наоди даваат поддршка за започнување на третманот веднаш после дијагнозата на ХИВ инфекцијата со што се штити здравјето на луѓето. Денес, достапната терапија значи дека луѓето со ХИВ може да живеат долг и квалитетен живот доколку се дијагностицирани навремено. Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси изедначен животен век со лицата кои немаат ХИВ, доколку добиле навремен третман. Терапијата за ХИВ, истовремено е едно од најефективно средство за превенција за ХИВ која значително ја намалува веројатноста за понатамошен пренос на ХИВ, потенцираат од ХЕРА.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп