Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан утре во Македонија
Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино утре ќе ја посетат Македонија
Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.
Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија.
Оваа тројка од Европарламентот, се смета дека ќе има задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.
Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и прегвоори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача Еврокомисијата.
- Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста