Европратеници повикуваат на создавање на европски социјални медиуми

Група од 54 европратеници упатија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во кое го повикуваат извршното тело на ЕУ „под итно“ да создаде европски социјални медиуми.
Писмото, потпишано од европратеници од Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), Зелените и од Левицата, е упатено во пресрет на денешната дебата во Европскиот парламент посветена на итната потреба за справување со лажните вести и сексуалната експлоатација на социјалните медиуми преку целосно спроведување на дигиталните правила на ЕУ.
- Генерирани се стотици илјади навредливи содржини со лажни фотографии, при што децата и жените претрпуваат непоправлива штета. Европската комисија не презема ништо за борба против ова, изјави германската европратеничката Александра Гизе од редовите на Зелените, која е иницијаторка на писмото заедно со словачката либерална европратеничка Вероника Цифрова Острихоњова.
Според Гизе, ЕУ го има Законот за дигитални услуги (ДСА) и има многу јасна легислатива за борба против материјалите за сексуална злоупотреба на деца, но нема храброст да ги спроведе.
Гизе истакна дека „ужасните предатори“ се слободни да вршат злосторства и да градат бизниси врз основа на сексуално насилство, сè додека се технолошки олигарси-сојузници на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Претседателката на Комисијата, Фон дер Лајен, ги нарече ваквите содржини неприфатливи, но не мрда со прст за да ги заштити европските жени и деца, заклучи Гизе.
Во писмото европратениците ја повикуваат Европската комисија да инвестира во приватни европски иницијативи кои ја поддржуваат домашната иновација на социјалните медиуми, да овозможи развој на алтернативи на платформи во европски сопственост, како и да гарантира цврсти права за преносливост на објави, врски и интеракции на корисниците.
- Овој повик доаѓа во услови на интензивирање на трансатлантските тензии, зголемена загриженост во Европа поради зависноста од американската технолошка инфраструктура и зголемен притисок врз европското технолошко право од страна на засегнатите страни во САД, вклучувајќи ја сегашната Администрација и големите технолошки компании, посочуваат потписниците на писмото.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
-

Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра на пристаништето во грчкиот град Патра
-

Маж и жена се истепале за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров
-

Лишена од слобода кавадарчанка по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот
-

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
