Европол: Уапсени пет лица, конфискуван половина тон кокаин

Пет лица се уапсени и конфискувани околу половина тон кокаин и 520 грама кристал мет, скриени во кабина на брод кај Азурските Острови во Португалија, соопшти денеска Европол.
Седум куќи беа претресени како дел од истрагата.
Операцијата, предводена од шпанската полиција заедно со одделот за наркотици на Европол, пресретнала брод за кој се открило дека прво пловел од Валенсија кон Бразил, а потоа од Бразил до Азурските Острови.
Штом се усидрил бродот, португалската и шпанската полиција ги уапсила членовите на екипажот. Покрај дрогата, запленето е и оружје, пари и наутички материјал.
Уапсените се идентификувани како членови на меѓународна криминална група, која се занимавала со разни нелегални активности во Шпанија.
Во акцијата учествуваа и полицајци од Естонија, Холандија и Португалија.
Ново на Сител
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
