Европол: На аеродроми уапсени 130 лица со украдени или лажни кредитни картички

Европската полициска агенција Европол денеска соопшти дека уапсила повеќе од 130 лица во меѓународна акција против криминалци кои користиле украдени или лажни кредитни картички за купување авионски билети, јави Танјуг.
Како што се наведува во соопштението на агенцијата, дводневната акција е спроведена на 109 аеродроми ширум светот, а во неа учествувале околу 35 авиокомпании и 32 земји.
Идентификувани се околу 160 сомнителни трансакции, додека 133 лица се задржани во притвор, пренесоа француските медиуми.
Операцијата била насочена кон криминалци кои се осомничени дека извршиле измама купувајќи авионски билети на интернет со употреба на украдени или лажни податоци од кредитни картички, додава Европол.
Интернетот го забрза ширењето на таквите кривични дела кои годишно влијаат врз милиони лица, наведува полициската агенција и истакнува дека финансиските загуби на банкарскиот сектор, авионската и туристичката индустрија, се директна последица на тоа.
Со операцијата на Европол, исто така, било откриено дека измамата со помош на кредитни картички е поврзана со други форми на сериозни кривични дела, како трговијата со дрога и со луѓе.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
