Свет
1. October 2015 - 8:43

Европол: Кибер криминалот претставува зголемена закана за Европа

Кибер криминалот претставува се поголема закана за Европа, предупреди европската полициска служба Европол на средба на 300 нејзини експерти, кои во Хаг рагзледуваат стратегии за борба против криминалот на Интернет, јави ДПА.

Често зад компјутерските напади и кражбата на податоци на компании стојат организирани криминални групи, наведува службата.

Тие го користат Интернетот за криминал како измами, кражби, изнуда, перење пари и ширење детска порнографија, наведе Европол и истакна дека Европа е особено подложна на ризик поради развиената Интернет инфраструктура и зголемувањето на електронскиот бизнис.

Кибер криминалот е објект на специјално внимание од страна на Европол од 2013 година.