Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето
Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина.
– Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисиијата Стефан Де Кирсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со предлогот да се запре со поместување на стрелката на часовникот секоја последна недела во март и во октомври.
Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер го предложи за целата Европска унија во 2018 година, оставајќи им на членките да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.
Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите -членки. Во моментов нема индикации дека предлогот може да ја добие нивната поддршка.
– Работата сега е во рацете на земјите-членки, рече портпаролот Де Кирсмакер.
Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но оттогаш ништо не се случи.
Ново на Сител
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
-
Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол
-
Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини
-
Во сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“