Европа - прв регион во светот со 500.000 починати од Ковид-19
Европа стана првиот регион во светот каде што бројот на смртни случаи од коронавирус надмина 500.000.
Според евиденцијата на Ројтерс, Европа пријавила околу 30 проценти од смртните случаи во светот.
Бројот на смртни случаи од коронавирус на нашиот континент нагло се зголеми во последните месеци.
Од првиот смртен случај во Франција во февруари, поминаа осум месеци пред бројот на смртни случаи во Европа да достигне 250.000, додека за само 60 дена тој се искачи од четвртина милион на 500 000.
Франција, Шпанија, Италија, Велика Британија и Русија објавија стотици илјади смртни случаи и во тие земји се наоѓаат 60% од сите смртни случаи во Европа.
Според статистиката на Ројтерс, во моментов во светот се заразени 77,52 милиони луѓе, а починале 1.710.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години