Кошарка
11. December 2015 - 9:51

ЕВРОЛИГА: Жалгирис изненади во Барселона

Кошаркарите на Жачгирис приредија вистинско изненадување, откако во препоследното коло, во Ц групата, славеа во Барселона со 92:88. Во вториот меч од оваа група Каршијака со поразот од Локомотив 78:88, ги загуби шансите за пласман во Топ 16.
 
Жалгирис во Барселона го одигра најдобриот меч во последните неколку сезони и заслужено го победи фаворизираниот домаќин. Литванскиот шампион водеше од почетокот до крајот, најмногу со 13 поени, а до петтата победа во Евролигата го предводеа Јанкунас со 17 и Калниетис со 16 поени.
 
Најефикасни кај Барселона беа Томиќ со 28 и Аројо со 15, сите постигнати во втората четвртина.
 
Со оваа победа Жалгирис ја прекина серијата од 14 порази во дуелот со каталонскиот тим.
 
Група Б:
 
Ефес-Лаборал Куча 95:86
 
Лимож-Олимпијакос 67:76
 
Група Ц:
 
Барселона-Жалгирис 88:92
 
Каршијака-Локомотив Кубан 78:88
 
Група Д:
 
Макаби-Бамберг 85:65
 
Динамо Сасари-Уникаха 65:77.