Спорт плус
12. јуни 2016 - 19:25

Евролига: Македонија ја совлада и Бугарија!!!

Подвиг на подмладената одбојкарска репрезентација на Македонија  откако славеше со 3-1 против домашната Бугарија на турнирот од Евролигата во Варна по сетови (29:31, 25:15, 21:25, 21:25). 

Претходно ги совладавме Албанија со 3-1 и Данска со 3-2. 
Со три победи Македонија е на првото место во групата и практично обезбеди едно од првите две места кои водат на завршниот фајнал-фор. 
Следниот турнир е во Скопје следниот викенд.