Кошарка
12. March 2016 - 8:41

Евролига: Драма во Барселона

Лудиот финиш на натпреварот во Барселона, односно победите на Црвена ѕвезда, Реал и Ефес го затворија 10.коло во кошаркарската Евролига.
 
Џастин Долмен, човекот кој минатиот месец со тројка во последната секунда му пресуди на Реал, беше меч винерот на дербито со ЦСКА
 
Москва. Американецот, во лудот финиш, постигна пет поени за четири секунди и поразот на Барселона го претвори во победа 100:98.
 
Барса на волшебен начин се извлече во регуларниот дел од нтпреварот, Саторански погоди две слободни фрлања на 10 секунди до крајот и го однесе натпреварот во дополнителните пет минути.
 
ЦСКА имаше константна предност во продолжението, во последните девет секунди влезе со предност од три поени, но најпрвин Долмен на четири секунди до крајот израмни со тројка на 98:98, а потоа успеа да му ја украде топката на Теодосиќ и да погоди од полудистанца за конечни 100:98.
 
Долмен мечот го заврши со 12 поени и 10 скокови, Томиќ постигна 21, аСаторански 19 поени. ЦСКА ја предводеа Де Коло со 30 и Теодосиќ со 23 поени.
 
Реал убедливо славеше во Каунас против Жалгирис 90:75. Реал до шестата победа во Топ 16 фазата го предводеа Ночиони со 22, Риверс со 14 и Рејес со 10 поени.
 
Ефес, како гостин кај Дарушафака, ја прекина серијата од четири порази и се врати во трката по четвртото место на табелата. Ертел постигна 21 поен во триумфот на Ефес 72:68.
 
Црвена ѕвезда по триумфот над Панатинаикос 69:67, се доближи до најголемиот клупски успех во европските купови, односно пласман во Топ 8.
 
Црвено-белите, во натпревар со многу пресврти, ја прекинаа серијата од пет победи во низа, во која се наоѓаше Панатинаикос.
 
Американците Кинси со 19 иМилер со 16 поени ја предводеа Црвена ѕвезда до победата, додека кај Панатинаикос се истакна Вилијамс кој 13 од своите 17 поени постигна во последната четвртина.