Кошарка
17. March 2017 - 10:58

Евролига: Ц.Звезда доминираше во Милано

Кошаркарите на Црвена Звезда направија голем чекор кон пласманот во 1/4 финалето од Евролигата совладувајќи го Армани во Милано во 26. коло од елитното натпреварување со 78-71. 

Српскиот тим уште од стартот на мечот со цврста одбрана успеа да се одлепи со 25-10 и не дозволи до самиот крај домаќините да направат пресврт иако Милано се доближи на само два поена негатива. 

Во финишот се разигра Волтерс со осум поени во серија и Симоновиќ кој постигна решавачка тројка за 15-тата победа на белградскиот тим. 

 
Евролига 26. коло 
 
Ефес-Макабиi 92:87
Панатинаикос - Реал 88:82
Бамберг-Фeнербахче 78:83
Милано - Ц.Звезда  71:78